Се загледав себеси во непрегледното пространство
За окото тоа беше поле непрегледно со зеленило исполнето
За душата тоа беше бескрајот недогледен
Се загледав себеси и со времето трка започнав
Од час во час погледот заморен стануваше
Замор тоа беше тежок како идниот час
Душата од радост само со восклик кажуваше
Да не ја прекинувам врвката што се издолжуваше
Да не го запирам летот во место Се загледав себеси во непрегледното пространство
Се загледав и со умор заминав на починка
Очите задоволни беа
Душата од радост само потскокнуваше
И дадов уште едно ноќно премрежие
Таа излет го нарече и не чекаше ни минута ете тука
Се препуштив на бесконечноста
Течеше како река тивка
Исполнета со милиони надежи и желби
Исполнета со милиони бои и нијанси
Кој сега гласови тивки беа
Се препуштив на бесконечноста
Се додека воскликот и радоста ја слушав
Душата ме водеше низ световите
Ете бајки за многумина се
Ете како сказни чудесни се прераскажани
Од тие кои претходни се препуштија на бесконечноста
Воскликот на душата
Никодин Чернодримски
Голобрадо и гологлаво момче стоеше на аголот
Надежта своја силно ја стегаше во рацете
На хартија пожолтена беше таа напишана
Од многу поодамна уште како дете
Никој сериозно не ја свати
Никој сериозно не ни ја погледна
Ја нарекоа само обична детска фантазија
Не ја остави ниту миг на земја да падне
Се плашеше земјата да не му ја изеде
Исто онака како што една снага изеде
Што него сон му беше
Се плашеше од ветерот да не ми ја однесе
Ја знаеше неговата сила
Бури правеше и другите ветришта ги лутеше
Ги тераше да му се придружат кога во поход одеше
Од водата бегаше
Напати само ликот свој ќе и го покажеше
И тивко и зборуваше немој да ме заборавиш
Одразов мој ти го давам играјси со него на месечинава
Но надежта не ти ја давам
Кога до оган ќе се доближеше само грбот го вртеше
Лукав беше и лукавство во себе оганот криеше
Напати во ладните ноќи со топлината го мамеше
Во близина своја го покануваше
А кога почита не че ја добиеше
Пламени јазици насекаде блуеше
Збеснат ѕвер тогаш беше
Голобрадо и гологлаво момче стоеше на аголот
Надежта своја силно во рака ја стегаше
На хартија пожолтена беше таа напишана
Ги слушна неодамна скитниците како шепотат
Вечерва на полноќ самовилите ќе шетаат
Надежите ќе ги собираат
Грст од благослови ќе делат
Голобрадо и гологлаво момче стоеше на аголот
Со погледот вперен во мракот.
Хартија Пожолтена
Никодин Чернодримски
Го знаеш мојот копнеж
Граду мој од спомените
Го чуваш ти некаде сокриен на спилите
Во некоја пукнатите
Каде не е осој
Не го заборавам тоа
Да молчам неможам
Поривот повторно со тебе да бидам
Евего се буди
Место веќе не ме држи
Ноздриве се шират
Од аромата на мофта
Што како ала се налепила на марковите карпи
И како магнет влечи
Знае дека ќе дојдам
Го изминав веќе плетвар
И мраморот зад себе го оставив
Те гледам како трепериш со ноќната тишина
Спиеш со сон на родилка
Несакаш чедото уморот да го втаса
Само еден допир да пуштам
Калдрмата излижана да ја допрам
Повторно приказните и сказните да ги слушнам
Не сум ги заборавил
Но ете повторно сакам да ги чујам
Знам знам граду мој
Полноќ е
Тоа саатот ни го кажува на обајцата сега
Не ги бројам ударите негови
Така побргу ќе дојде утрото
Ти го изваде копнежот мој
Јас ја донесов желбата моја
Заедно сега го створивме мигов што трае
Незнам колку е голем
Но сакам да трае една мала вечност
На градот од мојата младост
Никодин Чернодримски